Ако државата сака да направи промена треба да ги укине приватните специјализации како квота

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако државата сака да направи промена треба да ги укине приватните специјализации како квота. Прво мора да се направи национална стратегија што ќе се води барем 10 години без разлика на типот на политичката партија што е на власт. Секој министер за здравство да ја следи таа стратегија без разлика на политичкиот амбиент.

Ова денеска го изјави доктор Бојан Трајковски, претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, пред почетокот на панел – дискусијата на тема „Меѓународни искуства во постдипломската едукација на доктори“, што се одржува во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

– Ако имате план и програма што правите, паралелно точно знаете колкав број студенти ви се потребни по медицина. Тоа е првиот чекор за да немаме хипер-продукција на кадар. Вториот чекор е вие да имате план точно на кое место и колку лекари ви недостасуваат. Ние точно знаеме колку луѓе годишно одат во пензија, колкумина продолжуваат лиценци, колкумина имаат во план за кое време да бидат во пензија. Согласно тоа, ние треба да имаме план колкав број колеги ќе одат на која специјализација – рече Трајковски.

Тој смета дека ако на лекарите им се ветат соодветни услови, ниту еден од нив нема да си замине од државава.

– Проблемот е што има многу колеги коишто заминуваат поради своеволието на директорите коишто не сакаат да ги вработат. Во моментов има многу колеги коишто и покрај завршената специјализација и завршени шестгодишни студии, се невработени, односно работат со договор на дело, што за мене е срамно – додаде Трајковски.

Тој истакна дека здравствените работници си заминуваат барајќи подобар живот.

– Зошто заминуваат колегите надвор од државата? Многу е просто и едноставно – живеат во голема неизвесност. За мене лично како лекар, недозволиво е завршен колега – лекар, да треба да бара втора работа за да може паралелно да специјализира, да може да преживее, бидејќи колку и ние да зборуваме, ако веќе зборуваме за систем што нуди на лекарите 26.000 денари плата, ние зборуваме за срамен систем што никако не ги вреднува лекарите. Можеби не е само проблемот во парите и платите што тие во тој момент ќе ги земат, туку проблем е неизвесноста додека да дојдат до тие 26.000 денари – посочи Трајковски.

Тој рече дека имало колеги со мали деца кои паралелно почнуваат со специјализација и тие не можеле да си дозволат да купат пелени за децата.

Професор доктор Хенрик Херман, член на Извршен одбор на Германската лекарска комора и копретседавач на Постојаниот комитет за специјалистичка медицинска обука на Германското лекарско здружение, беше прашан за причината што младите лекари сè повеќе сакаат да одат во Германија, да работат и да живеат таму.

- Advertisement -
Ad image

– Мислам дека системот на специјализации во Сојузна Република Германија е доста квалитетен, доста напреднат и нашите заложба и желба се сите наши колеги од сите европски држави да дојдат кај нас или ние да дојдеме овде и да ги споделиме нашите практики, сè со цел специјализацијата и науката да бидат понапреднати и поусовршени – одговори Херман на новинарско прашање.

Професор доктор Калина Гривчева – Старделова, претседателка на Лекарската комора, рече дека панел – дискусијата е за разменување искуства – какви се специјализациите во другите земји, како е кај нас.

– Од досегашното искуство – од искуствата на докторите и пациентите и од споредбата на системот во другите земји, потребно е да се ревидира дали ваков систем на специјалистичко образование кај нас е со задоволителен успех и дали има потреба од измени – изјави таа.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, Словенија и Германија предничат кога се во прашање најпривлечните земји за младите лекари за специјализација во странство.

– Словенија и Германија предничат. Доста наши млади студенти студираат во Словенија и таму продолжуваат со работа. Тоа е земја што има исти закони како што ги имавме во Југославија, не се променети – додаде Гривчева – Старделова.

Таа беше прашана и каква стратегија ни е потребна.

– Ако бидат вработени веднаш по студирање и им се пружи можност да завршат специјализација, и нормално дека треба да има прераспределба на тоа колку, каде, што е потребно. Ние од Лекарската комора се обидовме во минатото, побаравме од сите јавни здравствени установи да ни дадат листи на колку, спрема нивните систематизации, имаат одредени специјалисти од области вработено, колку имаат потреба, а не се вработени и колку од тие кои се вработени, се шест години пред пензија. Затоа што, ако ме прашате мене и тоа е малку. Би требало 10 години за да се преклопи младиот специјалист со стариот околу образование. Значи, потребен е план, план да се вработи таму, тој кој треба – одговори Гривчева – Старделова.

Share This Article