Зимски услови вечерва на патиштата во Македонија.
„Од 19.45 часот на магистралниот пат Маврово-Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, а од 19.55 часот и за патниот правец Гостивар-Стража“, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
На возачите им се препорачува внимателно возење, согласно со условите на патиштата.