Жената која е жртва на насилство прикажано во видео објавено на Тик-ток, во кое се гледа како маж од Радовиш физички ја напаѓа, одбива да поднесе кривична пријава против насилникот.
Таа во разговор со полицијата изјавила дека видеото, кое според неа датира од јули 2024 година, било објавено без нејзина согласност од нејзината мајка, со цел, како што тврди, да ѝ го уништи бракот.
Министерството за внатрешни работи информира дека случајот бил пријавен на 23 март 2025 година (недела) во 08:25 часот од страна на мајката на жртвата.
По пријавата, СВР Струмица веднаш презела мерки, а лицето А.А. (35) од Радовиш истиот ден во 09:20 часот бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Радовиш.
Со жртвата бил извршен службен разговор, во присуство на социјален работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш, при што таа изјавила дека не сака да поднесе предлог за гонење, поради лични причини.
Иако постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот закон, а согласно став 5 од истиот член, за да се гони делото потребен е предлог од жртвата. Бидејќи таа одбила да го поднесе, постапката продолжила по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
На 25 март 2025 година, од страна на ОВР Радовиш до обвинителството е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Како што информираат од МВР, се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на случајот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖