Background

Жан Клод Ван Дам стана предмет на истрага во врска со случај на трговија со луѓе, а во мрежата на организиран криминал, наводно биле вклучени и малолетници во Романија

Познатиот актер со белгиско потекло Жан Клод Ван Дам стана предмет на истрага во врска со случај на трговија со луѓе, а во мрежата на организиран криминал, наводно биле вклучени и малолетници во Романија.

Имено, како што се наведува во документите, холивудската ѕвезда Жан Клод Ван Дам е предмет на истрага во врска со случајот со трговија со луѓе.

Наводно, Жан Клод Ван Дам користел услуги на криминална мрежа, а во наводната трговија со луѓе биле вклучени малолетници.

- Advertisement -
Ad image

Ова денеска го објави романскиот ТВ-канал Про ТВ.

Како што пренесува романската веб-страница protv.ro, адвокатот на една од жртвите поднел тужба до Романската дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), која издала и официјално соопштение, но без да наведува имиња.

Според зборовите на адвокатот на една од наводните жртви, Адријана Кукулис, случајот го води Канцеларијата за истрага на организиран криминал и тероризам на романското обвинителство.

– Кривичниот случај открива меѓународни врски со идолите од нашето детство. Жан Клод Ван Дам е обвинет дека користел сексуални услуги на пет романски девојки кои истовремено биле во ранлива состојба – изјавил бранителот.

Според пишувањето на романските медиуми, обвинителството добило изјава од една млада жена која рекла дека учествувала во настани каде наводно му биле нудени девојки на Ван Дам.

Според нејзиното сведочење, вакви случаи имало во Кан, Франција. Наводите на жртвата се однесуваат на користењето на услуги кои ги пружаат луѓе кои биле свесно експлоатирани.

Истрагата утврдила дека наводно од 2000 до 2016 година, девојки, вклучително и малолетнички, биле вклучени во сексуална експлоатација преку неговите организации, користејќи психолошки притисок.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation