Македонија одлучно инвестира во безбедноста и сигурноста на своите граѓани, како и во борбата против криминалот, изјави Александар Јамалов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” на денешната прес коференција на која го претстави предлог-буџетот за Министерството за внатрешни работи за 2026 година.
Според Јамалов, целта на овој финансиски план е да се модернизира полицијата и да се подигне оперативната готовност на повисоко ниво, а со тоа да се обезбедат поквалитетни услуги за сите.
– Само во програмата „безбедност“, за идната година предвидени се 16,4 милијарди денари, што претставува зголемување во споредба со овогодинешниот буџет. Додека пак потпрограмата „јавна безбедност“ добива 14,55 милијарди денари, што е драматично зголемување од 17,9%, односно дополнителни 2,2 милијарди денари.
Повисоки се и средствата предвидени за плати и надоместоци, за што се предвидени 11,3 милијарди денари, односно 3,7% повеќе. За реформи во полицијата се предвидени 1,24 милијарди денари. Центарот за обука добива 75 милиони денари, за континуирано стручно унапредување на кадрите. За борба против тргување со луѓе и илегална миграција се предвидуваат 1.250.000 денари, што е зголемување од 25% – рече пратеникот.
Сепак, според Јамалов, најзначително зголемени вложувања има во опрема, нови возила, современи технолошки системи и модернизирани простории, клучни за поефикасно и модерно функционирање на МВР, а со тоа и зголемен морал и елан кај полициските службеници.
Сите овие зголемувања, според пратеникот Јамалов, упатуваат јасна порака дека државата инвестира во стабилноста и сигурноста со намера дополнително да ги унапреди и професионализира полициските служби, со цел зајакната безбедност, јакнење на владеењето на правото, сигурни граници и современ безбедносен систем.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
