Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи штети, прекини во електричната енергија, евакуации и најмалку еден смртен случај.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека очекува штети и последователни потреси од земјотресот, чиј епицентар бил на брегот на околу 62 километри југоисточно од градот Манај во покраината Давао Ориентал, а бил предизвикан од поместување во Филипинскиот ров на длабочина од 23 километри.
Веднаш по земјотресот, PHIVOLCS издаде предупредување за „деструктивно цунами со бранови опасни по живот“, предвидувајќи бранови поголеми од еден метар. Центарот за предупредување од цунами на Пацификот (PTWC) со седиште во Хонолулу предупреди за можни бранови високи до три метри по должината на филипинскиот брег и помали бранови во Индонезија и Палау.
– Очекуваме штета и последователни потреси – изјави директорот на Phivolcs, Тересито Баколкол.
Додека Phivolcs ја процени јачината на земјотресот на 7,6 степени, Американската геолошка служба (USGS) пријави јачина од 7,4 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
