Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, според податоците од веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Официјални претставници стравуваат дека големо цунами може да го погоди Чиле по разорниот земјотрес што го погоди брегот на Аргентина, поточно превојот Дрејк.
Дрејковиот премин е водна површина помеѓу најјужниот врв на Јужна Америка (‘Ртот Хорн) и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.
Oфицијални претставници од Чиле соопштија дека крајбрежната област на регионот Магаленес во јужен Чиле ќе мора да биде евакуирана поради ризик од цунами.