Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија рано утрово, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил во 6:28 часот наутро по локално време, е регистриран во близина на брегот на Хокаидо на длабочина од 50 километри, објави новинската агенција Кјодо.
Нема извештаи за жртви или материјална штета, а не е издадено ни предупредување за цунами.