Земјотрес со интензитет од 3 степени попладнево е почуствуван во северозападните делови на Македонија, како резултат на потресот од 4 степени по Рихтер што се случи во Албанија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денес, 24 јануари 2025 година, во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 километри западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда МЛ4.1. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападните делови на Републиката со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Tagged as:
Земјотрес од 4 степени во Албанија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖