Буџетот за субвенции за земјоделството, исплатата и дисциплината се како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, а исплатите се тековни, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Во последниве недела, две се исплатени околу 240 милиони денари субвенции на оние што се занимаваат со сточарство и со пчеларство. Ценам дека вака ќе продолжиме и во периодот кој што следи и дека земјоделците навремено ќе го добијат тоа што го заслужуваат – рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Свети Николе.
Премиерот потсети дека тутунарите веќе добија историски највисока цена за откуп на тутунот од 400 денари.
– Се беше откупено како прва категорија, плус добија 100 денари дополнителна субвенција – рече Мицкоски и додаде дека реколтата е повисока од 21 милион килограми.