Background

Зеленски најави дека Киев е подготвен да продолжи со рамката на мировниот договор во соработка со САД и Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави дека Киев е подготвен да продолжи со рамката на мировниот договор во соработка со САД и Европа, пренесоа британските медиуми. Според изворите на Ројтерс, Зеленски ѝ соопштил на „Коалицијата на подготвените“ дека безбедносните одлуки што се однесуваат на континентот мора да ги вклучат европските земји, јави Ројтерс.

Притоа, украинскиот лидер изјави дека е подготвен да разговара за чувствителните точки од мировниот договор со американскиот претседател Доналд Трамп, но истакна дека и европските лидери мора да учествуваат на тој состанок.

Меѓу другото, тој ги повика своите европски сојузници да создадат функционална рамка за распоредување на таканаречените „сили за убедување“ во Украина, со цел одржување стабилност во периодот на можен прекин на непријателствата. Зеленски подвлече дека поддршката за Украина мора да продолжи „сè додека Русија не покаже подготвеност да ја прекине својата инвазија“.

- Advertisement -
Ad image

Според порталот Аксиос, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, потврдил дека украинскиот претседател сака итен состанок со Трамп, потенцијално уште за Денот на благодарноста, кој годинава се паѓа на 27 декември, (четвртиот четврток од ноември), за да се финализира мировниот договор.

– Се надевам дека посетата на претседателот Зеленски ќе се случи што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе му помогне на претседателот Трамп да ја продолжи својата историска мисија за завршување на оваа војна – изјави Јермак во интервју преку Зум.

Понатаму, се наведува дека Трамп вечерва треба да го напушти Вашингтон и да пристигне во својот имот Мар-а-Лаго, на Флорида, каде би можело да се одржи потенцијалната средба.

САД постигнаа огромен напредок кон постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Во текот на изминатата недела, САД постигнаа огромен напредок кон доведување и на Украина и на Русија на преговарачка маса“, изјави Ливит во објава на социјалната мрежа Икс.

Лидерите на т.н. „Коалиција на подготвените“ – група од европски држави, Турција, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија – одржаа виртуелна средба за да го разгледаат американскиот дипломатски напор за постигнување мировен договор. Иако оригиналниот 28-точков план, тајно подготвен од американски и руски претставници, предвидуваше целосно исклучување на НАТО-присуство во Украина, Париз и Лондон остануваат решени: физичката присутност на западни сили е, според нив, неопходна за да се спречат идни руски агресии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation