Background

Завршни зборови на одбраната за предметот со незаконско поставување директори во училиштата

Одбраната на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта.

Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште информира дека со оглед на тоа дека се работи за четири предмети споени во еден, одбраната побарала дополнително време за подготовка на завршните зборови.

На претходното рочиште заврши доказната постапка. Во исказот пред Судот, Мерко рече дека не направил ништо погрешно во однос на назначувањето директори на основните училишта, односно дека тој само потпишувал она што ќе го подготвеле службите. Но, нагласи дека доколку го прекршил законот ќе му биле одземени ингеренциите од Министерството за образование и наука, а тоа не се случило.

- Advertisement -
Ad image

Тој тврдеше дека поранешниот министер за образование и наука Јетон Шакири бил запознаен со состојбата и му дал појаснување дека постојат законски услови да се постави за в.д. директор лице кое не доаѓа од редот на вработените во институцијата, доколку на конкурост никој од училиштето не поднесе кандидатура за директор и оти за тоа постоел изграден став од Министерството за информатичко општество и администрација.

Посочи дека во повеќе наврати Шакири ги предлагал луѓето кои биле назначени на функцијата, потсетувајќи оти и директорите кажале дека немале средба со градоначалникот, туку биле поставени од министерот.

Тој праша како е можно да е обвинет за наводно сторени кривични дела без да биде обвинет министер за образование во услови кога надлежностите им се определени во ист член на законот. Додавајќи дека на почетокот на учебната 2024/25 година кога министерката за образование и наука Весна Јаневска ги одзела ингеренциите за основните училишта во Драслајца и Подгорци биле назначени в.д. директори, кои не исполнуваат услови.

Нагласи и дека сите поставени директори чесно, одговорно и совесно си ја вршеле функцијата и оти од исказот на инспекторите најмногу што сторил градоначалникот било прекршок, а не кривично дело.

Против Мерко се води уште еден одвоен предмет за училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Пред Судот во Струга против Мерко во тек се судски процеси и за други обвиненија за несовесно работење во службата.  Струшкиот суд на 9 јуни донесе ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра.
Мерко е и на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави, поради вмешаност во корупција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation