Background

ЗАПОЧНА 64-ТО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Со концерт на Македонскиот ансамбл „Танец“ и КУД „Гердан од Бисери“ вчеравечер на сцената на Долни Сарај започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

-Во мое лично име и во името на охриѓани ви посакувам срдечно добредојде во вечниот град, кој во прегратката со сината езерска шир ги чува тајните на македонската култура и историја.
Голема е гордоста што имаме можност да ја продолжиме шест-децениската традиција и преку народните песни и танци, од оваа автентична сцена, повторно да испратиме јасна порака за сплотеност и заедништво.
Балканскиот фестивал во Охрид не е само фолклорен настан, тој е прослава на сето она што не поврзува со историјата. Тој е верен доказ за македонскиот идентитет и нашето опстојување низ вековите. Тој ни покажува кои сме и што сме обврзани да зачуваме за идните генерации.
Народната традиција е единствената нишка што никогаш не се кине, само се предава од колено на колено. Во секоја носија е исткаена приказна, за земјата, за времето и за народот. Во секоја песна, во секој чекор, во секоја игра и мелодија се раскажува радоста, болката и постоењето на еден народ.

- Advertisement -
Ad image

Почитувани,
Традицијата е патоказот што не води низ современиот свет без да се изгубиме себеси, а фолклорот е единствениот јазик што е разбран од секое срце, без превод и без граници. Народното творештво живее се додека има луѓе кои го почитуваат и го вреднуваат.
Затоа, да продолжиме да бидеме верни поддржувачи на ваквите настани и да не дозволиме заборавот да ги уништи нашите корени.
Оваа можност ја користам да упатам благодарност до организаторите, до сите учесници и секако до верната фестивалска публика, која секоја година ги дарува фолклористите со безброј аплаузи.
Посакувам ова 64-то издание на Балканскиот фестивал да биде уште еден бисер во низата на нашето културно наследство и да донесе незаборавни спомени за сите учесници и посетители. Верувам дека овој фестивал ќе продолжи да живее и да прославува уште многу значајни јубилеи од своето постоење, истакна Божиновски во своето обраќање.

Љубителите на фолклорот годинава ќе ги проследат настапите на ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Бугарија и Австралија.

Фестивалот е во организација на Националната  установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, а покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и туризам, Општина Охрид и пријателите на фестивалот.


ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation