Background

Западен Балкан мора да остане приоритет за Алијансата и за ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година.

Во рамки на дискусијата, министрите ги истакнаа своите ставови за приоритетите по кои земјите членки на НАТО треба да изградат заеднички позиции: јакнење на капацитетите за одвраќање и одбрана, зголемување на одбранбените инвестиции, продолжување на поддршката за Украина и зацврстување на соработката со стратешките партнери и организации на Алијансата.

- Advertisement -
Ad image

Министерот Муцунски ги пренесе приоритетните ставови на нашата земја, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на солидарноста, единството и координираното дејствување во справување со заедничките закани и предизвици.

Тој го подвлече придонесот на државата како стабилен и конструктивен сојузник, кој вложува континуирани напори за модернизација на сопствените капацитети и придонесува кон регионалната и колективната безбедност.

Во оваа насока, министерот го посочи интересот за адресирање на важноста на Западниот Балкан на Самитот во Хаг, како регион од стратешко значење за НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека регионот мора да остане високо на агендата на двете организации, со цел зачувување на стабилноста и обезбедување натамошен просперитет како дел од европските и евроатлантските структури.

Неформалниот состанок е дел од подготовките за самитот на лидерите на Алијансата, каде што ќе се дефинираат следните клучни чекори за јакнење на НАТО како одговор на заедничките безбедносни предизвици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation