Background

Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија

Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија, изјави заменик министерот за правда Ален Деребан.

Законот, како што посочи заменик министерот Деребан, е дел од сетот законски реформи во правосудниот систем со рок до јуни годинава, а за којшто добивме дополнителен грејс период од една година поради објективни причини.

– Законот беше изработен од работните групи формирани од МП, беа одржани пет јавни расправи од кои четири на подрачјето на сите апелациски судови. Законот беше преведен и испратен до Венецијанската комисија, беа добиени препораките и истите беа инкорпорирани и имплементирани во законското решение. Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен законот, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен да биде доставен до нас, заедно со одредени евентуално забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени во законските решенија со истите и веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура – изјави Деребан, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Европскиот ден на правдата во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на огласот од Собранието за избор на нов член на Судски совет, Деребан рече дека во моментов имаме важечки закон за Судски совет и согласно истиот претседателот на Судскиот совет е должен најрано три месеци пред истекот на мандатот на членот избран од Собранието да го информира Собранието, а Собранието има обврска во законски пропишан рок да распише оглас.

– Во моментов сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се новите закони, кои се дел од реформската агенда, меѓутоа, необлигаторно но требаат и очекувам да ги имаат предвид при изборот и критериумите коишто се содржани во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија – изјави Деребан.

Во однос на другите закони кои се дел од пакетот на реформската агенда, Деребан рече, дека изминатата година МП интензивно работело на овие реформски закони и дека во следниот период се планира да се донесе и новиот Кривичен законик.

– Заради надминување на проблемот со скандалозните измени на Кривичниот законик, направени од минатата влада во 2023 година, се работи и на новиот Кривичен законик. Меѓутоа, треба да имаме предвид дека актуелниот Кривичен законик е донесен во 1996 година и трпел десетици измени во неговото постоење. Се вршеле инкриминации со други специјални закони, така што на овој законик се работи интензивно веќе пет години. Ние бевме принудени да имплементираме и други нови европски директиви кои беа донесени и тој процес кога ќе биде завршен, повторно имаме обврска да го доставиме на мислење до ЕК и ќе работиме на донесување на тој закон – изјави Деребан.

Прашан дали Министерството за правда учествува во анализите за законските измени за финансиска независност на правосудството, Деребан рече, дека МП прави компаративна анализа и еден од тие закони е Законот за јавно обвинителство, којшто, како што нагласи, веќе беше испратен на мислење и беа добиени препораки од Венецијанската комисија и Законот за судскиот буџетски совет, кои се во финална фаза.

Работните групи, како што посочи, работат на тие закони и очекуваме во скоро време да пристапиме кон нивно донесување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation