Денеска се одржа состанок на лидерите на 27-те земји членки на Европската Унија. Беше потврдено дека заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објави унгарскиот претседател Виктор Орбан на својот профил на Фејсбук, по онлајн самитот на Европската Унија.
Исто така, беше потврдено дека стратегијата за изолација на Русија не успеа и дека украинскиот конфликт не може да се реши на фронтот, туку само преку дипломатски напори, додаде Орбан.
Тој додаде дека е исто така јасно оти членството во ЕУ не може да ѝ обезбеди на Украина никакви безбедносни гаранции и дека поврзувањето на европската интеграција со безбедносните прашања е „бескорисно и опасно“.
„Унгарија ги поздравува преземените чекори во преговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува понатамошниот процес на преговори, со посебен осврт на втора средба меѓу Трамп и Путин. На дневен ред е унгарската иницијатива, за да може Унијата што поскоро да иницира самит меѓу Европа и Русија“, додаде унгарскиот претседател.