Мотоциклист загина во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум на крстосницата кај населбата Рача.
Според информацијата од охридскиот Сектор за внатрешни работи до несреќата дошло при судар на патничко моторно возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Д.Н. од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц. од Охрид.
Притоа на лице место загинал мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од охридската Служба за итна медицинска помош.
Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин, а полициска екипа во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на незгодата.