Заеднички чекори кон знаење и практична подготвеност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 6 мај 2025 година, Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка. Од МКБ велат дека меморандумот означува „почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите“.

Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро м-р Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска.

„Оваа соработка претставува заедничка заложба за создавање на услови кои ќе овозможат трансфер на знаење, истражувачка соработка, стручна експертиза, како и реализација на практична настава и професионални обуки“, се вели во соопштението.

Од МКБ информираат дека соработката ќе опфаќа широк спектар на активности, меѓу кои:

– Спроведување на заеднички научни и стручни истражувања;

– Организирање на конференции, семинари, курсеви и други образовни настани;

– Вклучување на експерти, гостински предавања од МКБ на АУЕ – ФОН;

- Advertisement -
Ad image

– Стекнување на практични вештини од страна на студентите преку клиничка настава и обуки во реална работна средина;

– Заедничко учество на кариерни саеми и други настани насочени кон развој на човечки капитал.

 

- Advertisement -
Ad image

Според МКБ целта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот, со фокус на создавање кадар подготвен да одговори на современите предизвици и потреби на пазарот на труд.

„Иницијативата има за цел и да ја зајакне врската меѓу образованието и практиката, во насока на креирање на реални можности за младите и идните професионалци“, порачуваат од Македонското кредитно биро.

Share This Article