За секој што се богател врз здравјето на граѓаните ќе има одговорност, порача Мицкоски

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо на случајност, како и дека ќе има одговорност за секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните.

Формираните комисии, истакна премиерот, засега работат на осум случаи.

– Кога светски стручњак како академик Кедев тоа го кажува, мора да има позадина и мора да ја откриеме таа позадина. Нема да оставиме ништо на случајност. За секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните ќе има одговорност – потенцира Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу кој беше заедно со Мицкоски на Клиниката за кардиохирургија, пред два дена рече дека нема да се даваат делумни информации за „кардиолошките случаи“, туку ќе се излезе со конечен извештај откако целосно ќе заврши експертизата.

Тој тогаш информира и дека осум предмети се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но се очекува да бидат доставени и други од институции и граѓани.

Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.

Share This Article