Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска решително ги негираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Владимир Путин има амбиција да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне некоја членка на НАТО.
Изјавата ја даде на редовниот брифинг во Москва, нарекувајќи ги западните интерпретации „целосна глупост“.
– Тоа не одговара на реалноста. Владимир Путин не сака да го обнови Советскиот Сојуз, бидејќи тоа е невозможно. Тој многупати кажал дека таквиот концепт не е дел од руската политика. Да се зборува спротивното е непочитување кон нашите партнери и кон сојузниците во Заедницата на независни држави – нагласи Песков демантирајќи го германскиот канцелар.
Песков беше категоричен и во врска со шпекулациите за наводни подготовки на Москва за воен судир со алијансата.
– Подготовката за напад врз НАТО е целосна глупост. Сите треба да го слушаат претседателот Путин, кој јасно кажа дека Русија нема намера да влегува во конфронтација со Западот – додаде портпаролот.
Новинарите го прашаа и за можните разговори со Вашингтон по неодамнешната средба на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на Трамп, Џеред Кушнер.
– Русија е во постојан контакт со американската администрација. Очекуваме резултати од дискусиите за мировниот план што Вашингтон го предложи во консултација со Украина – изјави Песков.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
