За една година платите пораснаа за10,5%

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година, пишува Пари .

Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5% споредено со јули минатата година, а изнесува 45.276 денари.

Во некои сектори, како на пример во административните и помошните услужни дејности, платите се зголемени за дури 16,5%, во образованието за 15,0 %, а во здравството и социјалната заштита за 14,8%.

Со овие бројки Македонија се најде високо на ранг-листата на европските земји, дури и во конкуренција на земјите членки на ЕУ. Споредено со државите од ЕУ, плус Албанија и Федерацијата БиХ, Македонија е на високото 6. место.

Во јули, Евростат измери најголем раст на просечната плата во Бугарија, од 13,4%. Следува Унгарија со 11,0%. Веднаш зад овие две земји членки на ЕУ е Македонија, со раст на просечната плата од 10,5%.

Во Регионот, најголем раст на платите е измерен во Федерацијата БиХ, каде изнесува 12,3%. Потоа доаѓа Албанија, со раст на просечната плата од 11,7%. За Србија сè уште нема податок за јули, а во јуни платите беа зголемени за 11,8% за една година.

Share This Article