Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 9 степени.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес, во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа).
Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.



























