Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 11 степени. Најтопло ќе биде во Велес, со дневна температура од 35 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро, до максимална од 34 степени.

Во четврток ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер.
Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во недела, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
