Времето денеска наутро ќе биде студено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а дневната во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер и дневна температура до 23 степени.
Првите три дена од следната недела ќе се задржат високи дневни температури. Во понеделник ќе биде сончево и топло, но во вторник и среда кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).