Возачот Васил призна вина, родителите на Фросина бараат 20 години затвор за свирепото прегазување на ќерката

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинетиот Васил Јованов (21), кој во јануари смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, денеска призна вина и изрази каење на судењето против него во Кривичниот суд Скопје. Родителите и сестрата на Фросина, кои во судот носеа маички со натпис „Правда за Фросина“ побараа максимална казна за возачот Јованов, затоа што бил пијан, возел пребрзо и без возачка дозвола и поминал на црвено светло. Обвинителството исто така, побара максимална казна, а бранителот Сашо Дуковски побара пониска казна.

Јованов призна вина и се извини

– Разбирам за што сум обвинет. Ќе се произнесам за мојата вина. Сакам да изразам најдлабоко сочувство кон целото семејство. Да се извинам за тоа што го сторив. Да суде, виновен сум – рече обвинетиот Јованов.

Судијката Снежана Марковска рече дека го прифаќа признанието на вина. Во натамошната постапка ќе се изведуваат само доказите што се однесуваат на висината на казната.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот Партизански одреди во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. Јованов се товари за делото Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и му е запретена максимална затворска казна од 20 години.

Обвинителот ќе докаже дека Фросина е прегазена со умисла

Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже дека возачот Јованов ја усмрти Фросина Кулакова со умисла. Посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти и затоа возачот се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.

– Навидум еден маж прегази една жена. Но, не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случило на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на сторителот, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа правна квалификација во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии – рече обвинителот.

Марковски рече дека тие ќе се трудат да докажат дека нецела минута пред критичниот настан Јованов сторил и други сообраќајни пропусти.

– Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари – рече обвинителот.

Дуковски го брани клиентот со дипломи од бокс и од ракомет

Бранителот Дуковски оспори дека Јованов бил алкохолизиран. Тој достави доказ дека Јованов е редовен студент.

- Advertisement -
Ad image

– Доставувам и потврда од боксерски клуб, со што сакам да се тргне една дамка од името на Васил Јованов, дека тој е наркоман и зависник. Не, тој е спортист и ви доставувам потврда дека тој е член на овој боксерски клуб, како и две медаљи, каде што е вицешампион. Да, тој го сторил тоа што го стирил и призна вина. Но, има факти кои укажуваат на неговата личност. Доставувам благодарница од Националната боксерска федерација од бокс. Исто така, уште една диплома за лицето Васил Јованов за другата медаља која ја освојува на натпреварот во Штип, каде го освојува второто место. Ви доставувам потврда од Ракометната федерација на Македонија каде што лицето, сега обвинетиот Васил Јованов е регистриран и лиценциран за ракометниот клуб Пролет. Исто, јас оваа анализа на алкохол во крвта ја земав од Обвинителството. Го спориме присуството на алкохол во крвта – рече Дуковски.

Тој пред судот презентираше и видеоснимка од вечерта кога е усмртена Фросина.

– Овој ценет судечки совет би утврдил дека кај обвинетиот има чувство на вина, екстремно каење и ве молам единствено тоа како судечки совет мора да го забележите и да видите за што ви зборувам – рече Дуковски.

- Advertisement -
Ad image

„Градниот кош ѝ беше отворен“

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова побара најстрога казна од судот, затоа што ќерка ѝсвирепо го изгуби животот. Во потресно обраќање пред судот таа рече дека ова не е само обична сообраќајка, туку е грабеж на живот, на иднина.

– Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете, јас сум човек со откорната душа. Јас сум денес гласот на Фросина, зборувам за неа, затоа што таа повеќе не може да зборува. Фросина не беше само прегазена, таа беше згасната на начин што човечкиот ум не може да го прифати – без возачка дозвола, без положен возачки испит, пијан, на црвено светло, заобиколувајќи возила кои запреле, тој не запрел, не погледнал, ниту почувствувал, ниту помислил. Ја удрил мојата Фросинче со толкава сила што ја исфрлил 15 метри. Со главата  ја скршила шофершајбната, се качила на кровот. Од силината го искршила семафорот од спротивната сала. Брзината не е двојна, бидејќи на црвено светло брзината е нула. Ниту еден орган не ѝ беше поштеден, ниту срцето, сè и беше оштетено. Градниот кош отворен. И така, мојата Фросинче убава, мила, ведра, насмеана, остана таму без здив, без иднина. Кој член од законот, кој став може да ја измери болката, која ја чувствувам секој миг. Ова не е судење за сообраќајка. Ова е судење за грабеж на живот, на иднина, за непопавлив грев, за убиство – рече мајката на Фросина.

Посочи дека само најстрогата казна ќе ѝ ја врати вербата дека смртта на нејзината ќерка не била залудна.

– Барам највиска казна, барам правда. Не за одмазда, барам највисока казна за правда. За утре ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина. Ве молам не дозволувајте животот на Фросина да заврши во празнина. Ве молам покажете дека правдата има душа и дека злосторството не смее да помине како сенка. Правдата нема да ми ја врати Фросинче. Но, ќе ми ја врати вербата дека нејзината смрт не била залудна – рече несреќната мајка Камелија Кулакова.

„Зошто наместо право, сврте кон нашето чедо?“

Таткото Тодор Кулаков смета дека двајцата родители на Васил Јованов треба да одговараат што нивниот син имал пристап до автомобилот со кој ја усмртил нивната ќерка.

Тој го праша возачот Јованов зошто го свртел воланот, наместо да вози право, и удрил во девојката.

– Кога правдата ја губи вредноста, тогаш државата ја губи душата. Денес не се бориме само за Фросина, туку за ниту едно дете повеќе да не заврши под тркала на безмилосен човек, кој потоа се обидува да избега од одговорност, а судската пракса го потврдува тоа. Фросинче светеше каде и да се појавеше, а нејзиниот живот згасна на најгнасен можен начин. Од ударот лета во воздух. Сите коски и беа искршени, градниот кош ѝ беше отворен, срцето ѝ распукало. Како клучно, прашувам: зошто Васил нагло свртува кон неа, зошто не продолжи право? Дали е тоа агресија? Барам одговор, овде пред сите. Зошто, наместо право, сврте кон нашето чедо“, рече Кулаков.

Основното јавно обвинителство Скопје пред еден месец поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 4.11.2022 до 30.1.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти.

Share This Article