Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
– Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели – изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си.
Тој додаде дека „во тек се подготовки“ за состанокот и оти од перспектива на Трамп „не може да се постигне договор ако нема некаков вид на односи и дијалог со другата страна и тоа апсолутно ќе се утврди во наредните месеци“.