Background

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија од ЈП „Водовод и канализација“ и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Зголемување на цената има во сите три сегменти – кај водата за пиење, кај прочистување на отпадни води и кај собирањето и одведувањето на урбани отпадни води. Збирно зголемувањето е за околу 10%.

ЈП „Водовод“ потврди дека цената на водата е зголемена со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

- Advertisement -
Ad image

Од Регулаторната комисија појаснуваат дека одлуката за цената на водата во Скопје ја донеле тие, бидејќи Советот на Град Скопје, кој е надлежен за таквата одлука, во предвидениот рок не донел никаква одлука.

– Регулаторната комисија има обврска да предложи најниска и највисока цена за водата, а советите на Град Скопје и сите општини во земјата треба да одлучат за крајната цена на водата. Во случајов, советот на Град Скопје не донесе никаква одлука, па Комисијата, според законот, мораше да утврди цена – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму додаваат дека заедно со Здружението на даватели на комунални услуги (АТКОМ) и Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) работат на ново решение за утврдување на цената на водните услуги.

– Се предлага Регулаторната комисија за енергетика целосно да го преземе утврдувањето на цените на водата – за сите општини во земјата. Со тоа ќе се одбегне практиката од политички причини советите на општините да не сакаат да ја зголемуваат цената на водата или да ја прифатат минималната цена која не овозможува никакви инвестиции во секторот каде што на ниво на државата загубите на вода се 63% – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

На овој начин, ќе се овозможи, цената на водата да овозможи инвестиции во секторот и редовно снабдување со вода.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation