Во третото тримесечје од 2025 година, споредено со ланскиот ист период откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 12%. Во истиот период пораснала и продажбата на земјоделски производи од сопствено производство каде што порастот е за 8,8%.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во паричен износ вкупно пласманот на земјоделските производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552 евра). Од тоа преку откуп се реализирани 2,7 милијарди денари, а остатокот од 2,5 милијарди денари земјоделците ги оствариле со директна продажбата на сопственото производство.
Гледано по групи највисок раст има кај откупот и продажбата во овоштарството од 71,3%, а пад е забележан кај продажбата на риба и на алкохолни пијалаци.

Извор: ДЗС
Ако се анализира пласманот на земјоделските производи по производ, тогаш во третото тримесечје земјоделците продале 35.814 тони пченица, 4.276 домати, 55.436 тони грозје, но продале 269.814 тони млеко што е помалку од лани за 15.204 тони. Голем пад на пласманот е забележан кај печурките. Лани се продадени 40.990 тони, а годинава само 6.324 тони.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
