Во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачот на цистерната со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин.

– Претпладне камион цистерна кој транспортирал 25 тони нафта излетал надвор од магистралниот пат Гевгелија – Богданци, при што дошло до негово превртување, а при превртувањето дошло до продупчување на самата цистерна во која биле складирани овие 25 тони нафта. Нафтата почнала да истекува, од ударот најверојатно дошло до нејзино палење по што се кренал црн и густ чад кој предизвика вознемиреност кај локалното население – вели Ангелов во видео изјавата.

Тој информира дека гевгелиските пожарникари со помош на специјална пена го изгаснале пожарот и потенцира оти возачот на возилото нема тешки телесни повреди.

– Во разговор со командирот на гевгелиските пожарникари бев известен дека има специјална пена со која ќе се обидат да го изгаснат пожарот. Набргу тие беа на лице место, го изгаснаа опожареното место со нафта и добро е тоа што дизелот истекува во блискиот канал непосредно покрај самиот пат. Пожарникарите истурале поголема количина на песок на неколку места со што нафтата останува заробена во каналот. Во меѓувреме стапивме во комуникација со сопственикот на цистерната. Од негова страна е организирана друга цистерна како и пумпи за испумпување на нафтата и од превртената цистерна од која горивото се уште истекува, но ќе биде собрана и нафтата која што се наоѓа во каналот. По отстранување на нафтата, ќе се истури ситен песок врз местото кој што треба да ги апсорбира остатоците од нафта, а потоа истиот ќе биде пренесен на безбедно место – појасни директорот на ДЗС.

Ангелов нагласува дека веднаш по превртувањето на цистерната, на местото излегле припадници на МВР, а присуствувале и инспектори на ДЗС и од Министерството за животна средина.

Share This Article