Во срцето на Лозница, на проширениот плоштад пред стадионот „Лагатор“, бурата се спушти до самиот настап на Јелена Карлеуша – настап што требаше да биде спектакл, а заврши како граѓански бунт.
Се чинеше дека концертот, со финансиска поддршка од општинскиот буџет, ќе донесе вечер на магија, но сцената ја „осветлија“ само значки, огради, свирчиња и вувузели. Карлеуша се обрати кратко и замина, беше евакиуирана од страна на полицијата. Беше тоа настап што траеше неколку минути, далеку помалку од прогнозираниот.
Заврши со повици “пумпај”, “уа”, но и со погрдни обраќања кон фолкерката.
Граѓанската иницијатива „Не го даваме Јадар“ уште пред два дена го предупредуваше градот дека „циркузов“ од концерт не заслужува средства на сметка на најитните човечки потреби. Беше повикано да се пренаменат тие средства во хуманитарни цели – за луѓе кои останале без покрив над главата.
Не е првпат Лозница вознемирено да пречекува ваков „градски настан“. Пред еден месец, на концертот на рокерот Ѓорѓе Давид, де слушнаа свирчиња и повици „слуга на режимот“.
Карлеуша, позната како „Мадона на Балканот“, како јавна личност која неодамна отворено ја поддржа владејачката Српска напредна странка, ја зајакна својата спорна репутација – со политики, со реакции, со јавни настапи кои преминаа во омаловажување и говор на омраза.
Карлеуша ја напушти сцената разочарана, оставена да зе прашува: каде се границите меѓу уметноста, политиката и граѓанската совест?