Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија.
– Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со Министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со Министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналад Трамп – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.
Ова, посочи Мицкоски, исто така, било една од темите и на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио во Брисел.
– На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме и разговараме. Очекувам многу скоро, денеска убава вест за македонските граѓани и македонската економија – изјави Мицкоски.
Tagged as:
вели Мицкоски Во постојана комуникација сме со САД во врска со даноците
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
