Background

Во Македонија денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски во чиј состав се пратениците Велика Стојкова-Серафимовска, Сања Лукаревска и Павле Арсовски, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Панче Тошковски и Весна Јаневска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани….

Во Собранието напладне ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. На доделувањето на наградата ќе се обрати министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

- Advertisement -
Ad image

Наградата годинава се доделува на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ од ризницата на картотетката-лексички материјали“ на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, акад. проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Елена Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation