Гравот е општ назив за повеќе родови растенија од семејството на мешунките. Често се користи во различни јадења ширум светот и има значајно влијание врз здравјето.
Не толку познат кај нас, азуки гравот (Vigna angularis) е едногодишно лековито растение, култивиран вид кој е широко распространет во Источна Азија и Хималаите поради неговите ситни, хранливи зрна. Зрелите зрна се најчесто темноцрвени, но постојат и сорти со бела, црна, сива и други нијанси.
Богатството на хранливи материи и бројните здравствени придобивки го прават вредна храна што треба да ја вклучиме во нашата исхрана.
Есенцијални нутриенти
Азуки гравот е извор на корисни хранливи материи како што се протеини, растителни влакна, витамини и минерали. Богат е со железо, магнезиум, фосфор, калиум, фолна киселина и витамин Б6. Овие состојки се важни за правилно функционирање на организмот и одржување на општото здравје.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.