Во Хрватска е уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“, објави хрватската РТЛ.
Медиумите ја објавија информацијата за апсењето на Какин како ударна вест, но без дополнителни детали за причините за неговиот притвор.
Миле Кекин е сопруг на Ивана Кекин, која беше кандидат за претседател на Хрватска на изборите одржани во декември 2024 година.
Според неофицијални информации на загрепскиот весник Јутарњи лист, во центарот на интересот на истрагата е Јелена Пероса, до неодамна раководител на Управното одделение за просторно планирање и управување со градски имот во Буја.
Полицијата, како што се наведува, по налог на Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) утринава тропнала на нејзината врата, а упаднала и во фирмата на нејзиниот сопруг Дамир во центарот на Бује. Освен брачната двојка Перос, на мета на инспекторите наводно биле и градоначалникот на Буја, Фабрицио Вижинтин и уште неколку лица поради сомневање за серија злоупотреби.
Станува збор, меѓу другото, за посредување во врска со градско земјиште, а наводно една од сомнителните зделки е поврзана со земјиштето во Момјан на брачниот пар Кекин, пишува Јутарњи лист.
Tagged as:
Во Хрватска е уапсен Миле Кекин поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
