Граѓаните да бидат внимателни при движење покрај реките. Надлежните излегоа со ваква препорака.
Во попладневните часови постои можност за локална појава на краткотрајни интензивни врнежи, а на одредени делови на малите сливови и суводолиците можен е брз прираст на водостоите, предупредува УХМР, oбјави Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Претходните денови имаше врнежи од дожд.
Утре нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.). Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат од 4 степени до 13 степени.
Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.