ВМРО-ДПМНЕ условено ја прифаќа анкетната комисија за Кочани,но да се разводни: Бара проширување со сите трагедии

Saso
By Saso
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати барањата на опозицијата за формирање на надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но со услов комисијата да ги опфати и други трагедии за кои, како што тврдат, нема утврдена одговорност.

Пратеникот Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите ја образложи позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека првично партијата сметала дека треба да се почека завршувањето на судењето пред да се преземат парламентарни активности.

„Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со оглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме”, рече Стојаноски.

Сепак, пратеникот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот со Кочани се користи за политички цели. „Кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност”, додаде тој.

Барање за испитување на минати случаи

Стојаноски детално ги наброја трагедиите што ВМРО-ДПМНЕ сака да бидат вклучени во работата на Анкетната комисија. Меѓу нив ги спомена модуларната клиника и случајот со Дурмо Турс, кога во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, повеќето македонски државјани.

„Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе. За Дурмо Турс и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ”, посочи пратеникот.

Конечна позиција

Стојаноски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи формирањето на Анкетната комисија, но само доколку нејзиниот мандат биде проширен.

„Да, ние ќе ја поддржиме ваквата Анкетна комисија, но и ќе бараме да биде проширена за сите трагедии за коишто, за разлика од овој случај, нема никаква ниту морална, ниту политичка, а ниту кривична одговорност”, заклучи Стојаноски.

Иницијативите на СДСМ и Левица за формирање на парламентарна комисија за испитување на трагедијата во Кочани доаѓаат по случајот што предизвика широк општествен одек и постави прашања за одговорноста на институциите.

Share This Article