Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар.
Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.
Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.
Вложување во спортот е вложување во физичкото и ментално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони.
Македонија има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.
Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
За Аеродром да биде урбана и модерна општина.
Твојот човек!
Твоето место!
За твојата иднина! Направете го вистинскиот избор!
Заокружете 9.