Не помина ниту 8 часа од како објавивме сторијата “Макотен, ДПИ и АЗЛП: Троката на молкот што ја рушат правната држава”, за да се увериме во ерозијата на правната држава која ја сведочиме секојдневно. Синоќа околу полноќ, инспектори од Државниот пазарен инспекторат дошле на “екскурзија” во казино Фламенго, лоцирано во Хотел Парк во Охрид.
Кога инспекторите се појавиле на рецепцијата на казиното, менаџерите биле веднаш известени. Во очигледна паника, менаџерите дале брза наредба за прекин на пушењето во казиното и привремена наредба да се отстранат пепелјарите од масите и апаратите. Но наместо инспекторите, согласно законот, да ја вршат својата работа за која се платени, тие по двеминутен “срдечен” разговор со двајцата менаџери вработени во Макотен, во фоаето на Хотел Парк во Охрид, со насмевка си заминале.
Редакцијата на “Охридски” до директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски пред 7 дена испрати сет на прашања, за кои не добивме одговор. Овој молк не е случаен – тој е симптом на систем кој функционира според принципот “за свои луѓе, свои закони”.
Го повикуваме јавно директорот на ДПИ Влатко Стојкоски да даде одговор на поставените прашања, но и да даде објаснување за најновото постапување на инспекторите на ДПИ за синоќешната “екскурзија” на инспекторите во Казино Фламенго во Охрид. Дали истите биле на екскурзија во приватна режија или на контрола на државен трошок?
Ова не е изолиран случај, туку дел од пошироката слика на селективното спроведување на законот во нашата земја. Додека обичните граѓани се казнуваат за најмали прекршоци, одредени субјекти уживаат привилегии кои не се предвидени во ниеден закон.
Овие случаи не само што го нарушуваат принципот на еднаквост пред законот, туку создаваат и длабока ерозија на довербата на граѓаните во институциите. Кога граѓаните гледаат дека законот не важи еднакво за сите, се губи основата на секоја правна држава.
Ситуацијата бара итни и јасни одговори од страна на надлежните институции. Граѓаните имаат право да знаат дали нивните институции работат во нивен интерес или во интерес на одредени приватни кругови.
Правната држава не се гради со селективно спроведување на законот, туку со принципиелно и доследно постапување на сите нивоа на власта.
Продолжуваме да ги следиме овие случаи и да бараме одговори за она што граѓаните го заслужуваат – транспарентност, одговорност и еднаквост пред законот.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
