Властите во Данска ја истражуваат сомнителната „флота на Путин“

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дроновите над Данска кои ги кренаа алармите во последните неколку дена можеби биле лансирани од морето, анализира хрватски Индекс повикувајќи се на изјави на данската полиција и на написи во данските медиуми.

Главниот град на Данска во понеделникот, 22 септември, се најде во необична ситуaциjа, кога дронови кружеа над неколку аеродроми. Властите ги следеле траги што водат до 3 мистериозни брода поврзани со Русија, се вели во статијата. Постои сомнеж дека токму од бродовите Astrol-1, Pushpa и Oslo Carrier-3 полетале леталата што го парализирале воздушниот сообраќај во Данска.

Данската полиција соопшти: „Позицијата на бродовите во моментoт на нападот е дел од истрагата“.

Освен полицијата, во истрагата се вклучени војската, безбедносните служби, но и меѓународни партнери. Инцидентот е веќе класифициран како „најсериозен напад врз критичната инфраструктура“ во Данска. Поради дроновите, аеродромите во Копенхаген и Осло останаа затворени со часови.

 

 

3 брода и многу случајности

Новинарот Петер Молер открил дека Astrol-1, брод под руско знаме се движел во невообичаена „цик-цак“ траекторија пред да се појави кај Копенхаген. Правникот Александар Лот објасни:

– Секое отстапување од најкратката рута е сомнително.

Oslo Carrier-3, регистриран во Норвешка, се нашол во теснецот Ересунд токму во моментите на летот на дроновите. Иако не е официјално руски, дел од екипажот говори руски, а неговиот сопственик има канцеларија во Калининград.

- Advertisement -
Ad image

Најдиректна е врската со третиот брод Pushpa. Иако плови под знаме на Бенин, се смета дека овој брод пренесува руска нафта и дека припаѓа на таканаречената „флота духови“ што ѝ помага на Русија да ги избегне санкциите.

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

Дронови со фиксни крила се сериозна работа

Според експертот Јулијан Павлиак, бродовите се идеална мобилна платформа за лансирање дронови. Трагите лесно се бришат со ваквото војување.

Од друга страна, експертот Бруно Оливеира Мартинс предупредува дека можеби се користени дронови со фиксни крила, што, според него, би било доказ за сериозна воена операција.

Премиерката на Данска Мете Фредериксен алудираше дека инцидентот наликува на „моделот“ од Полска и Естонија, каде веќе биле обвинети руски актери.

– Тоа се повторува и станува дел од шаблон – истакна Фредериксен.

 

 

Совршени алатки за тивка војна

Според Павлиак, заштитата на аеродроми од дронови е „нерешлив проблем“. И да се докаже потекло од брод, Русија секогаш може да тврди дека станува збор за „недржавни актери“.

– Дроновите се тивки, тешко пресретливи, а уште потешко се лоцира налогодавачот – заклучува Мартинс.

Медиумот „Франс 24“ ја коментира ситуцијата велејќи дека „токму затоа, дроновите се совршени алати за хибридна војна“.

Пинг-понг меѓу Данска, НАТО и Русија

Одговорот на Кремљ на наводите на Данска во врска со инцидентот беше следен:

– Обвинувањата се неосновани, сериозна држава не би требало да ги изнесува – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руската амбасада во Данска, пак, оцени:

„Очигледно е дека инцидентите се инсценирани провокации. Русија категорично ги отфрла овие апсурдни шпекулации.“

Премиерката на Данска подоцна на Икс напша дека разговарала со генералниот секретар на НАТО Марк Руте за сериозноста на ситуацијата, додека Руте возврати со објава дека Алијансата работи со Данска за да се заштити инфраструктурата.

Share This Article