Background

Владејачката хунта прогласи прекин на огнот за да помогне по земјотресот

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица.

Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, групите на вооружениот отпор, кои се противат на воената власт, прогласија едностран прекин на огнот.

- Advertisement -
Ad image

Овие групи мора да се воздржат од напади на државата или прегрупирања, бидејќи во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се наведува во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот. Меѓутоа, спасувачките тимови најчесто извлекуваат мртви тела.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар беше силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета.

Бројот на жртвите денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Меѓутоа, претпоставките се дека крајните бројки ќе се многу поголеми.

Во Мјанмар веќе имаше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Повеќе од три милиони луѓе се внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им беше потребна помош дури и пред земјотресот, наведуваат Обединетите нации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation