Background

Владата одлучи целосно да ја реконструира пругата од Скопје за Кичево

Владата одлучи целосно да ја реконструира пругата од Скопје за Кичево, информира на денешната прес-конференција министерот за траспорт и врски Александар Николоски.

– Ова е следна точка во делот на реконструкција на железничката инфраструктура во змејата.Во моментов невозможно е по неа да оперираат возови. Ќе ја реконструираме и електрифицираме и ќе биде поставена нова сингнализација. Разговаравме со ЕУ за гранд од 5,3 милиони евра за изработка на на физибилити  студија,  идејни проекти, проценка за влијание на животната средина и нацрт текст на апликација за инвестициски грант. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за тоа. Таа ќе избере фирма консултант за изработка, а сите документи, според стандардите на ЕБРД, треба да бидат готови за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата – рече Николоски.

Според него, со оглед дека  новата пруга ќе биде поставена на сегашната траса нема да има дополнителни трошоци и застои за изградба на пругата.

- Advertisement -
Ad image

– Изградбата на пругата ќе трае од 2 до 2,5 години и ќе почне веднаш по завршување на постапката за подготовка која треба да биде завршена според процедурите на Европската банка за обнова и развој. Пругата ќе биде целосно нова, но за неа нема да има потреба од дополнителни имотноправни проблеми да се решаваат, нема да има експропријации – рече Николоски.

Засега не се знае колку ќе чини реконструкцијата на пругата, но Николоски  посочи дека индикативната цена е повеќе од 4 милиони евра.

– Имам идикативна цена за делот од Скопје до Гростивар која изнесува повеќе од 4 милиони евра по километар или повеќе од 300 милиони евра ќе чинат 79-те километри пруга од Скопје до Кичево. Сите можности за финансирање на рекострукцијата на пругата ќе ги користими. Број еден ќе биде најевтини средства како што тоа е и за брзата пруга и пругата кон Бугарија – рече Николоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation