Вкупно 13,381 милијрди евра тешеле на крајот на 2024 година 13-те банки кои работт во земјава

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупно 13,381 милијрди евра тешеле на крајот на 2024 година 13-те банки кои работт во земјава, покажуваат податоците на Народна банка.

Пет од нив се рангирани во големи банки со актива повисока од 903,3 милиони евра,,3 се средни кои имаат актива која се движи од  224,4 милиони евра до 903,3 милиони евра, 5 се мали банки со актива пониска од 224,4 милиони евра.

Речиси 11 милијарди  евра изнесува вкупниот капитал петте најголеми банки.

На врвот на листата е Комерцијална банка која 2024 година ја заврши со вкупна актива од 2,905 милијарди евра што е за 157 милиони евра повеќе од претходната година.

Втора на листата е Стопанска банка Скопје која ја зголеми активата за 125 милиони евраа во однос на 2023 година и сега таа и изнесува 2,34 милијарди евра.

Трета е НЛБ Банка со актива од 2,12 милијарди евра. Оваа банка го зголеми капиталот за 183 милиони евра.

Халк банка е четврта со капитал од 1,855 милијарди евра, што е зголемување за 183 милиони евра.

Петта на листата е Шпаркасе банка, со актива од 1,749 милиони евра, што е раст за 170 милиони евра.

Трите средни банки располагаат со вкупен капитал од 1,605 милијарди евра.

- Advertisement -
Ad image

Прокредит банка има актива од 846 милиони евра, што е раст од околу 46 милиони евра во однос на 2023 година.

УНИ Банка тежи 456 милиони евра, со што доживеала големување за 26 милиони евра во однос на претходниот квартал.

Државната Развојна банка стигнала со актива од 303 милиони евра, што во однос на крајот на септември лани е зголемување за 12 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Најмалите банки располаат со капитал од 807,9милиони евра.

Петте мали банки ги предводи Централна кооперативна банка  со актива од 202 милиони евра, што е зголемување за над 10 милиони евра.

Неа ја следи  ТТК банка, со актива од над 179,2 милиони евра, со раст од повеќе од 12 милиони евра.

Стопанска банка Битола располага со актива од 178,8 милиони евра, и раст од 4 милиони евра.

Силк Роуд банка располата со капитал од 176,8 милиони евра, што е раст за близу 21 милиони евра.

Последна е Капитал банка која има капитал од 71,1 милион евра.

Податоците на Народна банка кои се однесуваат на ланската година покажуваат дека банките на крајот на декември лани чувале околу 10 милијарди евра депозити коишто им припаѓаат на корпоративниот сектор, домаќинствата, останатите финансиски институции, непрофитните институции коишто им служат на домаќинствата и локалната самоуправа.

Од нив 9,76 милијарди евра се депозити на граѓаните и компаниите. Во декември вкупниот износ на депозитите на граѓаните изнесувал 6,45 милијарди евра.

Во истиот период граѓаните и компаниите  должеле 8,03 милијарди евра во вид на кредити.

Share This Article