Вистинската драма се одвивала вчера 20 минути по полноќ на улицата Фра Филип Грабовац во загрепскиот Медвешчак, кога хрватската полиција уапсила српски државјанин, а потоа пронашла уште еден Србин кој бил врзан во возилото, објави Јутарњи.
Во тој момент, полицијата добила пријава дека 3 лица се однесуваат сомнително во близина на паркиран приватен автомобил. Полициска екипа веднаш пристигнала на местото на пријавата и забележала возило со српски национални ознаки, а до него стоел непознат маж.
Полицајците бргу го идентификувале и утврдиле дека станува збор за 36-годишен српски државјанин на кој воопшто не му се допаднало присуството на полицијата и избегал. Сепак, бил спречен во обидот за бегство. Полицијата употребила сила против него, поточно физичка сила и средства за врзување.
Од одделот за полиција во Загреб велат дека го уапсиле 36-годишникот бидејќи се сомневале дека сторил кривично дело противзаконско лишување од слобода и дека е во тек кривична истрага.
Како што дознава Јутарњи, во возилото имало двајца мажи, од кои едниот, 38-годишен Србин, седел на совозачкото седиште со врзани раце, додека другиот избегал од задното седиште по пристигнувањето на полицајците.
Истражителите на местото на злосторството во Загреб интензивно истражуваат како дошло до ситуацијата.