Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов аларм за североисточна и за југоисточна Македонија за силен ветар и дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со количина од над 40 литри на квадратен метар за период од 24 часа. Ќе има услови за појава на невреме со грмежи и со силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до 5 степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Демир Капија и во Велес, со температура до 19 степени Целзиусови,

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и во вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.





























