Background

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Струјата полека почна да се враќа во делови од Пиринејскиот Полуостров по масовното затемнување што ги парализираше Шпанија и Португалија.

Шпанскиот министер за внатрешни работи прогласи вонредна состојба и распореди 30.000 полицајци низ целата земја за да го заштитат јавниот ред.

Владите на двете земји одржаа вонредни седници поради прекинот на електричната енергија чиј обем е без преседан во Европа.

- Advertisement -
Ad image

Причината се уште не е позната, а Португалија навести дека проблемот потекнува од Шпанија, која со прст покажува кон прекинот на меѓусебната врска со Франција.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро рече дека нема индикации дека сајбер напад го предизвикал инцидентот, кој започна во 10:30 часот.

Сепак, се појавија гласини за саботажа и шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Санчез рече дека за период од само пет секунди, земјата изгубила 15 GW електрична енергија, или 60 отсто од националната потрошувачка. „Техничарите се обидуваат да утврдат што предизвикало таков ненадеен пад“, рече Санчез. „Никогаш не се случило вакво нешто.

Жоао Консеисао, член на управниот одбор на португалската компанија за електрична енергија РЕН, изјави дека не ја исклучува можноста за „огромно осцилирање на електричниот напон, најпрвин во шпанскиот систем кој потоа се прелеал во португалскиот систем“.

„Може да има илјада и една причина, сè уште е рано да се каже која е причината“, рече тој.

Шпанската електроенергетска компанија REE смета дека проблемот настанал во интерконекција со Франција. „Европските системи не можат да се справат со загубата на електрична енергија од оваа големина, што предизвика исклучување меѓу шпанската и француската мрежа и следствено на тоа предизвика колапс на шпанскиот електроенергетски систем“, рече директорот на компанијата, Едуардо Прието.

Претходно, делови од Франција накратко останаа без струја. РТЕ, францускиот оператор, објави дека испратил електрична енергија во северните делови на северна Шпанија по инцидентот.

Електричната енергија беше вратена во Баскија и областа околу Барселона во раните попладневни часови, а во делови од Мадрид во вечерните часови, при што 61 отсто од мрежата е вратена во нормала, соопшти националниот оператор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation