Видео од хрватски автопат се појави на интернет, предизвикувајќи голема возбуда. Некој решил да вози електричен тротинет низ тунел во брзата лента.
Видеото, кое предизвика голема возбуда, беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук од хрватскиот профил „Prometne sreče in incidenci“ (Сообраќајни несреќи и инциденти) со натпис: „Погодете кој ја води линијата во левата лента од автопатот“.
На видеото се гледа возач на електричен тротинет како вози во брзата лента, на чело на колона мотоцикли и автомобили кои му свират со сирени.
Не е јасно точно каде или кога е снимено видеото, но Index.hr објави дека можеби е снимено во Далмација.
Видеото веднаш беше пречекано со лавина критики. „Време е да се воведат возачки дозволи и за овие тротинети, бидејќи ова веќе ги премина сите граници“, напиша еден коментатор.
„Сите се целосно луди. Овој во десната лента снима додека вози и гласно пцуе. Во левата лента има автомобили, мотоцикли и скутери. Како да гледате караван лудаци. Фала му на Бога што досега не сум сретнал некој таков на патот“, напиша друг коментатор, додека многумина повикаа на зголемување на казните.