Вештачката интелигенција е во фокусот на новиот повик за иновациски проекти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 3 април до 14 мај е отворен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ на Европската комисија за 2025 година кој се однесува на дигиталните иновациски хабови. Министерството за дигитална трансформација денеска го распиша Повикот за дигиталните иновациски хабови од земјава кои се заинтересирани да станат дел од мрежата Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со фокус на вештачка интелигенција (ВИ).

Сите заинтересирани хабови до 03.05.2025 година на digital.europe@mdt.gov.mk треба да испратат елаборат со потребните податоци кои се објавени на веб страницата на Министерството.

Како што истакна ресорниот министер Стефан Андоновски на прес-конференција, финансирањето на ЕДИХ е 50% кофинансирање од програмата „Дигитална Европа”, а за останатите 50% апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.

– Ова е одлична прилика што во соработка со Европската унија, овозможена од Министерството за дигитална трансформација ја нудиме за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции. Европската комисија во овој повик предвидува 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини – рече Андоновски.

Нагласи и дека Владата втора година го овозможува учеството на сите заинтересирани во програмата „Дигитална Европа“ со навремено уплаќање членарина и со поддршката кон домашните институции, организации и компании, а лани само еден хаб од земјава бил избран и добил префикс ЕДИХ.

Андоновски информира дека денеска ќе се одржи средба со сите стопански комори на која ќе бидат слушнати мислењата и идеите на бизнис секторот за дигитализацијата на услугите кон приватниот сектор, новите услуги што ги нуди МДТ и методологијата за дигитализација на најпотребните услуги за компаниите. Одржан ќе биде и состанокот на секторската работна група на кој ќе биде презентиран и првиот нацрт-текст на националната стратегија за развој на ИКТ.

Другите повици од програмата „Дигитална Европа“ се планира да бидат отворени за пријавување од 15 април до 2 септември.

Share This Article