Топ Вести - Слушај сега
Вербална војна избувна вчера меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони поради убиството на францускиот екстремно десничарски активист кој беше претепан до смрт од екстремни левичари за време на протест во Лион минатиот викенд.
Седум лица, вклучувајќи и помошник на пратеник од екстремно левичарската партија Непокорна Франција (ЛФИ), ќе се соочат со обвиненија за убиство во овој случај, изјави вчера обвинител. Тие се меѓу 11-телица што беа уапсени деновиве.
Мелони во средата објави на социјалните медиуми дека убиството, извршено од „групи поврзани со левичарскиот екстремизам… е рана за цела Европа“.
Тоа предизвика реакција од Макрон.
– Секогаш ме изненадува како луѓето кои се националисти, кои не сакаат да бидат вознемирувани во сопствената земја, секогаш се првите што коментираат за тоа што се случува во другите земји – им рече тој на новинарите вчера за време на посетата на Индија.
На прашањето дали неговите забелешки се однесуваат на Мелони, Макрон одговори: „Во право сте“.
Убиството на 23-годишниот Квентин Деранк за време на судирите во Лион ѝ наштети на партијата ЛФИ, а крајно десничарската партија Национален собир се прикажа себеси како жртва на смртоносно екстремистичко насилство.
Како одговор на критиките на Макрон кон Мелони, канцеларијата на италијанскиот премиер издаде соопштение во кое изразува неверица од коментарите на францускиот претседател.
„Мелони изрази длабока тага и ужас поради трагичната смрт на младиот Квентин Деранк“, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
