Важно е да се знае како се движи цената на струјата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 13 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 76,42 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 76,27 евра/mwh

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 18,34 евра за мегават час, а на MEMO 18,40 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 40,11 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 38,06 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Share This Article