Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека оние – кои го поддржаа предлог-законот на американскиот сенатор Линдзи Греам, со кој се воведуваат нови строги санкции кон Русија и кон нејзините трговски партнери – треба да се запрашаат како тоа ќе влијае на напорите за воспоставување мир во Украина.
Изјавата на Песков уследи откако Греам во вчерашното телевизиско интервју наведе дека има дозвола од американскиот претседател Доналд Трамп предлог-законот да се стави на гласање.
– Русија е свесна за ставовите на Греам и го смета за непоправлив русофоб – истакна Песков.
Доколку биде усвоен предлог-законот ќе бидат воведени царини од 500% за земјите што купуваат руски производи како што е нафтата, која Кина и Индија ја увезуваат во големи количини.